Амбасадорката на Кина во посета на Свети Николе

Во посета на Општина Свети Николе денеска беше амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојан. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев информираше дека со амбасадорката Сјаојан имале официјална средба во неговиот кабинет, на која биле разгледани повеќе теми од заемен интерес и можности за понатамошна соработка.
- По средбата, делегацијата го посети ЈКП „Комуналец“ – Свети Николе, каде што беше претставена тековната работа и идните планови на претпријатието. Од наша страна беше изразена искрена благодарност за вредната донација ,машината Метларка што ни беше доделена, како и за досегашната поддршка, вели Владев.
Тој истакна дека Општина Свети Николе останува посветена на унапредување на партнерствата, кои придонесуваат за развој и подобрување на локалната заедница.
МИА
Ново на Сител
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
