Американската армија соопшти дека извела нови воздушни напади врз Иран

Американската армија соопшти дека ноќеска извела напади врз цели во Иран како одговор на ракетните напади што иранските вооружени сили во вторникот ги извршија врз американски воени единици на Блискиот Исток.
Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM) на социјалните мрежи објави дека воздушните напади претставуваат „силен одговор на обидот за ирански напад“ од вторникот.
Последните напади за светските агенции претставуваат дополнителна ескалација по краток период на релативно смирување на состојбата.
Иранските државни медиуми во вторникот пренесоа соопштение на Исламската револуционерна гарда во кое се наведува дека е извршен напад врз американска воена база во Јордан. Вооружените сили на Јордан соопштија дека пресретнале пет ракети.
Во меѓувреме, Саудиска Арабија објави дека нејзините вооружени сили, во координација со CENTCOM, извеле напади врз објекти на вооружени групи поддржани од Иран во Ирак.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера вети дека ќе возврати на иранските ракетни напади врз американските сили во регионот.
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
