Бизнис
4. November 2022 - 21:15

Анализа: Како ќе се издржи поскапа струја, даночна реформа и растечка инфлација?

Амбициозен, но реален буџет кој треба да одговори на потребите на граѓаните и стопанството полесно да го пребрoдат кризниот период. Најавеното зголемување на ДДВ кај сметките за струја нема сериозно да ги погоди граѓаните, колку најавената даночна реформа, смета економскиот аналитичар Наумовски. Според него, државата треба да се внимава со даноците, каде нeминовно ќе има зголемување, но и воведување нови. Тоа негативно ќе се одрази врз и онака кревкиот стандард кај граѓаните.

- Мораме да бидеме објективни. Кога е криза, ја бараме државата да помогне, однсно да биде во функција на граѓаните и стопанството. Не може да нема корекција на даночните опфаќања, затоа што државата мора да некаде да црпи пари. Јасно е дека ќе има корекции во данокот на доход, акцизите, не знаеме дали ќе се врати прогресивниот данок, вели Синиша Наумовски, економски експерт.

Добра идеја, според него е издавањето развојни обврзници за граѓаните и општините, каде што општините, со пари од граѓаните ќе финансираат капитални проекти а државата за неколку години ќе им ги врати парите оплодени со  камата.

- На пример Куманово издава општинска обврзница, неа ја купуваат граѓани, иселеници, кои наместо парите во банка со нула камата, ќе ги вложат овде, а општините ќе имаат пари рада резализираат проекти. По 2,3 години државата ги варќа тие пари, оплодени со камата, додава Наумовски.

Во предлог буџетот Владата проектира раст на економијата  од 2,9 отсто и инфлација од 7,1. Наумовски се сомнева дека овој раст ќе биде достигнат и вели државата мора да направи избор помеѓу двете зла – да ја заузда инфлацијата за сметка на растот или да има повисок раст со повисоки цени. Најдобра опција е хармонизирана акција на монетарната и фискалната власт.