Ангелов: Продолжи затрупувањето во Дрисла, чадењето е делумно намалено
Продолжуваат активностите за затрупување на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадење, кое според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стојанќе Ангелов е намалено, но се уште присутно.
-Утрово со засилено темпо продолжи затрупувањето на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадењето а кој е со величина приближно колку фудбалско игралиште. Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но се уште присутно. Од она што можам да го забележам на лице место во депонијата Дрисла, двата земјени пристапни патишта кои во текот на вчерашниот ден беа изработени како насип низ заезерената површина од отпадни води длабока околу 1,5 метри, значително го олеснуваат пристапот до критичното место, информира во пишана изјава Ангелов.
Според него, ангажирани се оптимален број на камиони, багери и булдожери и како што ќе се создаваат услови нивниот број ќе се зголемува.
На дивата депонија Вардариште, како што соопштува, нема горење ниту чадење но и денес продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој се одвиваше пожарот.
МИА
Ново на Сител
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања