Македонија
14. September 2025 - 16:33

Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција

Сашко Јанчев од Гевгелија, пратеник на Левица, денеска по полноќ бил учесник во сообраќајна незгода во која две лица се повредени, од кои едно е во животна опасност.

На крстосницата од улицата 10 во село Марино и сервисната улица се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи тусон“ управувано Јанчев и мопед управуван од малолетникот М.Д од село Идризово. Во сообраќајката тешко повреден бил М.Д., а сопатничката А.Т. од населбата Илинден е полесно повредена. М.Д. веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот Сашко Јанчев е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава – се вели во известувањето од Министерството за внатрешни работи.

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција изјави дека очекува Јанчев да поднесе оставка од функцијата пратеник од морални причини.