Македонија
21. August 2025 - 13:51

Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките „лепенки“ во Карпош, нема информации за повредени

Се става под контрола пожарот што претпладнево ги зафати бараките „лепенки“ во населбата Карпош, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

- Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, под водство на командирот на единицата Звонко Томовски, објави Ангелов.

Нема информации за повредени или настрадани лица, наведе Ангелов. 

 

МИА