Ангелов: Сите пожари во скопскиот регион се изгаснати или ставени под целосна контрола
Сите пожари во скопскиот регион се изгаснати или ставени под целосна контрола, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Пожари избиле на следните локации: Општина Сарај, с. Крушопек, кон падините на Водно, беше зафатена ниска вегетација и мешана шума, Општина Карпош кај спортската сала Борис Трајковски (ниска вегетација), Општина Гази Баба, с. Виниче и Црешево (ниска вегетација и мешана шума), Општина Бутел, кај последна 57 (ниска вегетација), Општина Гази Баба, с. Инџиково (трева и ниска вегетација).
-Денес попладне скопскиот регион беше зафатен со силно невреме проследено со силен ветер при што речиси истовремено избија повеќе пожари на отворен простор кои беа видливи од поголемиот дел на градот Скопје и предизвикаа вознемиреност помеѓу граѓаните, истакна Ангелов.
Тој напомена дека во периодот додека беснееле овие пожари на отворен простор, во регионот на аеродромот Скопје дува силен ветар проследен со силен дожд поради што ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување како и армискиот хеликоптер иако беа во состојба на готовност не можеле да полетаат и да дадат подршка на пожарникарите.
-Голема благодарност до екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита за брзата и пожртвувана реакција. Благодарност и до тимовите на ДЗС како и доброволното противпожарно друштво од Чаир. Посебна благодарност до повеќето граѓани кои се затекнаа на местата на пожарите и несебично помогнаа на пожарникарите, нагласи Ангелов.
МИА
Ново на Сител
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива