Арагчи: Иран би можел да нападне американски бази како одговор на потенцијален напад

Иран би можел да нападне американски бази во регионот ако САД нападнат негова територија, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.
„Нема да нападнеме американска територија ако Вашингтон нè нападне, но ќе ги нападнеме неговите бази во регионот“, нагласи Арагчи во интервју за Ал Џезира.
Арагчи рече дека Техеран и Вашингтон се согласиле дека следната рунда разговори треба да се одржи што е можно поскоро, но дека датумот сè уште не е одреден.
„Наскоро“ е критичен збор бидејќи во Иран постои загриженост дека ако овие разговори се одложат, тие би можеле да бидат нарушени или од тврдокорните елементи во Иран или од израелското лоби во Вашингтон“, рече Арагчи.
Тој уште еднаш нагласи дека Иран и Техеран имаат долг пат да издржат за да изградат доверба поради минатогодишниот конфликт.
Арагчи рече дека можноста за конфликт со САД секогаш постои, но дека Иран е подготвен и за мир и за војна.
На 26 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „масовна армада“ се движи кон Иран.
Тој изрази надеж дека Техеран ќе седне на преговарачка маса и ќе постигне „фер и праведен“ договор што ќе вклучува целосно напуштање на нуклеарното оружје. Американскиот лидер потсети дека во јуни 2025 година, САД започнаа напади врз нуклеарните постројки во Иран, потег наречен „Операција полноќен чекан“. Тој предупреди дека „следниот напад ќе биде уште полош“ и апелираше „да не се дозволи тоа да се случи“.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
