Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово

По повод 11 Октомври, Денот на народното востание, на градскиот плоштад во Куманово беше презентирана дел од современата опрема и вооружување на Армијата на Република Македонија.
Посетителите имаа можност одблизу да ги разгледаат лесните оклопни возила STRYKER и JLTV, воено-полициската, алпинистичката и нуркачката опрема, современото пешадиско вооружување и други материјално-технички средства.

- Заедно со претседателката на Советот на Општина Куманово, претставници на Владата, Собранието, општинската администрација и Генералштабот на Армијата, имав можност да се запознаам со дел од современата опрема и вооружување на нашата Армија-објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Настанот беше организиран од Армијата, со поддршка на Општина Куманово, во рамки на одбележувањето на празникот посветен на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите што се изборија за слободна Македонија.

МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
