Македонија
19. August 2023 - 16:31

Асоцијација на земјоделци: Нема да има покачување на цената на свинското месо

Ниската откупна цена на зрнестите култури, годинава ќе ја одржи цената на месото. Свинското месо останува со иста цена, зашто како што велат од Асоцијацијата на земјоделци, нема потреба од покачување. Житарките дури бележеа намалување на откупните цени и нема оправдана причина за поскапување на месото.

  • Не би требало да има покачување на месото, бидејќи оваа година  житарицата беше евтина, пченицата и јачменот, немаше некое покачување, дури цената е намалена во споредба со ланската година. Месните индустрии сакаат да покачат, како што тоа го стори и млечната индистѕрија, а цената на млекото на млекопроизводителите им го намалија, од 35-36 денари на 30-31 денари,  изјави Гоце Серафимов, Асоцијациа на земјоделци.

Со цена од 140 денари живамера за килограм производителите на месо, односно фармерите треба да бидат задоволни, зашто е задоволителна и рентабилна, смета Серафимов. 

  • Во моментот е реална и задоволителна, во однос на овогодишната цена на јачменот и пченицата. Спрема тоа, месопроизводителите, односно, свињарските фарми, се задоволни доколку остане месото со истата цена- додаде Серафимов

Цената на јачменот на стартот на жетвата беше девет денари, за потоа да падне уште повеќе, на осум денари за килограм. Земјоделците се жалеа на проблемот дека никој и не го откупува житото, па голем дел од нив се уште го чуваат во амбарите.