Македонија
14. July 2025 - 16:38

Пет активни пожари во Македонија

Пет пожари беснеат низ државата. Најопасен и денеска е кај с Николич во Дојран, каде гори нискостеблеста шума.

Повторно е активиран и пожарот кај Чучер Сандево кај село Горњани. Гори и мешана шума во Велес кај Крушје. Огнените стихии голтааат деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација и кај Македонски брод и кај општина Липково

Додека службите се снаоѓаат како знаат и умеат да ги гаснат пожарите, и оваа година државата мака мачи со пироманите. Властите изразуваат сомнежи дека поголемиот дел од стихиите се подметнати. Според статистиката на МВР, од почетокот на сезоната уапсени се вкупно 15 лица.

Вчера надзорна камера регистрираше човечка силуета која пали трски, па откако отпочнува огнот веднаш бега од местото на настанот.

Паднаа и првите казни за движење по шуми. Шеснаесет лица ќе останат без 1.500 до 2.000 евра бидејќи се шетале во шумски предели, иако веќе половина месец има забрана за движење без дозвола поради големиот број на пожари.

Во однос на прашањето за забрана за движење во шуми од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, досега без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 16 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми.

Во меѓувреме, на територијата на целата држава е прогласена кризна состојба. Активиран е и ЕУ механизмот за помош – што во пракса на службите им овозможува да побараат помош од земјите членки при справувањето на пожарите.