Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија

Авион на авиокомпанијата „Рајанер“, кој сообраќал на линијата Солун – Минхен, денеска безбедно слета назад на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако за време на летот бил регистриран сериозен дефект на еден од моторите.
Според достапните информации, пилотите го забележале проблемот додека авионот се наоѓал над територијата на Македонија и, од безбедносни причини, донеле одлука да го прекинат летот и да се вратат на аеродромот од каде што полетале.
Во текот на спуштањето, делови од оштетениот мотор се одвоиле, при што еден фрагмент удрил во прозорецот на кабината. Во инцидентот полесно е повреден еден патник. Надлежните информираат дека трупот на авионот не претрпел оштетувања.
По прогласувањето на вонредната состојба од страна на екипажот, на аеродромот веднаш биле активирани сите безбедносни протоколи. На готовност биле противпожарните екипи, службите за итна медицинска помош, полицијата и останатите надлежни служби.
Авионот успешно и безбедно слетал, по што бил преместен во посебно определена зона на аеродромот.
Како мерка на претпазливост, четворица патници биле пренесени во болница. Поголемиот дел од нив биле пуштени по извршените прегледи, додека едно лице останало на дополнителни медицински испитувања.
Ново на Сител
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
-

Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
