Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд
Австрискиот Врховен суд осомничи брачна двојка пензионери од областа Штаерска, дека 35 години го злоупотребувале австрискиот Закон за развод со цел да добијат финансиски придобивки.
И тоа, на перфиден начин: 12 венчавки и 12 разводи.
Сѐ почнало, како што објавија австриските медиуми, кога сега жената останала вдовица, бидејќи ѝ починал првиот сопруг... Така добила вдовичка пензија. Но, набргу потоа го запознала својот втор сопруг и во 1982 година се венчале. Сепак, шест години подоцна, бракот „им завршил“, но само „на хартија“, сѐ со цел - да имаат корист од нејзината вдовичка пензија... Тие, просто, продолжиле да живеат заедно.
Потоа следел нов брак, па развод, и повторно... Сѐ така - вкупно 12 пати... До пред две години, односно 2022 година, кога Заводот за пензиско осигурување одбил на жената да ѝ исплаќа вдовичка пензија... Незадоволна од одлуката, таа поднела претставка до надлежниот суд, па сѐ тоа стигнало и до Врховниот суд.
На последната инстанција се посомневале во таа „лукава љубовна приказна“, па побарале помош од стручњак по кривично право.
По спроведена кривична истрага, и кусо „прелистување“ низ матичните книги на венчани и разведени лица, како и прибирање одговори од соседството, сомнежот „за тешка социјална измама“ исплива на површина.
Имено, соседите на брачната двојка не знаеле поим дека тие „неколкукратно“ се венчале. Сведоците од околината посочиле дека двојката имала „примерен брак“ и заедно се со децении.
Така, „повторените бракови и последователните разводи од ист сопруг се злоупотреба на Законот, доколку бракот никогаш не бил раскинат, а разводот настанал само заради извршување право на пензија за вдовица“, гласи одлуката на Врховниот суд.
Осомничената пензионерска двојка негира каква било злоупотреба на социјалните права. Според истрагата, вкупната штета на сметката на Заводот за пензиско осигурување изнесува повеќе од 326.000 евра.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на жителите на Аеродром против депонијата Вардариште
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи