БЕГ ја изгуби лиценцата - кој ќе ги снабдува скопјани со парно?
БЕГ остана без лиценца за работа. Регулаторната Комисија и ја одзеде, по нивно барање, со образложение дека со вакви цени не можат да обезбедат квалитетно снабдување со топлинска енергија. Сега Владатата во најкус можен рок треба да објави тендер, за што поскоро да се најде фирма која ќе стопанисува со Друштвото за производство на топлинска енергија.
Сѐ до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата. Како клучни причини во о барањето за престанок на важноста на лиценцата БЕГ ги наведе кредитна неспособност, нарушената ликвидност, правната несигурност во работењето поради многубројни судски постапки иницирани против компанијата, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства, изјави Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Бислимовски уверува – кој и да ја земе лиценцата, скопјани нема да останат со ладни радијатоти во претсојната сеозна. Единствената закана е ако запре испораката на гас. Ситуцаијата е серизона, и ако Русија го сопре вентилот, ќе мора да се префрлиме кон друг енергенс.
Енергетската ситуација е многу сериозна, испораката на гас зависи од светските берзи, но јас сум убеден дека државата има начин и дека ќе обезбеди доволно гас за топлинска енергија, а цената нема да влијае на стандардот на граѓаните. Кој и да биде операторот, тој според законот мора да има резерви за најмалку 15 дена и алтернатива за префрлување на мазут. Или, може да се користи дизел гориво како алтернатива на мазутот, со мали преправки во топланите кои можат да се извршат за кусо време, додава Бислимовски
Ако растот на цената на гасот на светските берзи продолжи, неминовно ќе биде и поскапување на парното греење од 1 агуст. Во меѓувреме, пред највено зголемување на цената на струјата од 1 јули,и воведувањето блок тарифи, Бислимовски најавува зголемување на прагот за потрошена енергија, посебно кај 2 и третиот блок. За колку киловати, ќе се прецизира наредната недела.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
