Бектеши бара антимонополската комисија да провери зошто растат цените
Антимонополска комисија да излезе на терен и да провери зошто цените постојано растат - дали трговците се договараат меѓу себе и ги поскапуваат прехранбени производи или пак има основа за зголемување. Министерот за економија, Бектеши прстот го впери во Антимонополската комисија, која не правела ништо што е во нејзина надлежност. Ги повика да излезат на терен и да контролираат, а не само да бидат неми набљудувачи, без ниту една преставка.
- Да не постапат институциите во вакви кризи, или да пстапуваат само по пријави или пак најави на потрошувачи за да направат контроли. Обврска на институциите што треба да направат надзор е да направат и редовни инспекциски надзори. Не може да оставаме таквите институции да не бидат експедитивни и со месеци по најава на одреден потрошувач да преземат соодветна мерка. Помиваме неколку кризи, а јас уште не сум слушнал да има претставка од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Ние не можеме да се мешаме во работата на таа Комисија директно, зашто се избира од Собранието на Северна Македонија“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.
Ако се утврди дека трговците профитираат на сметка на производоителите, Бектеши најави дека им се заканува забрана за вршење дејност. Најави и дека ќе се менува законот, за да се заштитат потрошувачите. Ако поскапувањата продолжат, можно е да има нови мерки.
- Можно е да има, но може и да нема, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.
Бизнисот пак, против владини мерки. Сметаат дека цените треба слободно да се формираат на пазарот – ако има побарувачка, ќе растат и цените.
- Слободниот пазар ги носи и цените, сите други мерки што треба Владата да ги преземе, ние сакаме да се преземат мерки, но не да се замрнуваат цените, зашто тука веќе доаѓа до други вредности кои не се добри за бизнисот“, изјави Менди Ќура, престедател на Стопанската Комора на Северозападна Македонија.
Од овој месец по повисоки цени се продаваат млечните и месни производи. Причината за поскапувањето вицепремиерот Битиќи ја лоцираше во трговците, кои енормно профитирале, на грбот на производителите. Најавија засилени контроли во маркетите.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
