Бизнис
6. April 2023 - 16:34

Бектеши ги свика увозниците на овошје и зеленчук на средба во Владата

Увозниците на овошје и зеленчук да не бегаат од средба. Министерот за економија Бектеши јавно ги повика вечерва да се појават на состанокот во Влада  и да ги расчистат недоразбирањата. Во одлуката за замрнување на цените на 11 видови овошја и зеленчук, има одредени аномалии, признава Бектеши – но законите кои ги носи владата мора да се почитуваат.  Не можат да продаваат по цени со ограмни маржи.

Замрзнувањето на цените нема да им ги намали приходите на домашните земјоделци, затоа што станува збор за увезени производи чии набавни цени се гледаат од фактурите во царина. Мерката се носи за оние кои сакаат да профитираат врз грбот на граѓаните и ставаат огромни маржи, вели министерот за земјоделие Николовски.

- Од тие анализи произлегува дека најголем дел од цените што граѓаните ги плаќаат, одат за маржа, не за земјоделците. А во овој момент го немаме тоа домашно производство и затоа целото наше мислење беше дека во овој момент нема проблем во делот на домашното производство на тие производи, односно замрзнувањето и ограничувањето на овие цени нема да влијае на трошоците и на приходот на земјоделците, туку ќе влијае на сите оние кои сакаат да профитираат на грбот на граѓаните. Во целокупната цена, најголема застапеност има маржата, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделие.

Вчера стапи на сила владината одлука за замрзнување на цениите на дел од овошјето и зеленчукот. Сликата на терен покажува дека дел од маркетите ја почитуваат, дел воопшто не ги продаваат производите  додека пак на пазарите остануваат дав ажат старите , високи цени.

Пазараниот инспекторат  вчера казнил само 2 трговски субјекти, а податоците за денешните контроли вечера ќе ги сумирале. Велат дека не се надлежни да проверуваат  зошто произодите се повлечени, туку само дали се намалени цените. Најверојатно Владата вечера ќе носи одлука и во овој дел – однсно трговците кои  до март продавале овошје и зеленчук да продолжат да продавата одредена количина од истите.