Без струја дел од Сопиште, а без вода неколку улици во Центар

Од ЕВН Македонија известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе остане дел од општина Сопиште, а од ЈП Водовод и канализација, пак, соопштуваат дека без вода ќе останат неколку улици во Центар.
Од 08 до 15:30 часот без струја ќе останат корисниците од село Држилово во оштина Сопиште, информира ЦУК, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија.
Поради реконструкција на водоводна мрежа пак од 09 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците Мирослав Крлежа, Дебарца и Отон Жупанчич во општина Центар.
- Поради менување на вентил во шахта на ул. Македонија бр. 10, од 10:00 часот до завршување работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Македонија на потегот од ул. Димитрие Чуповски до ул. Даме Груев. (Општина Центар), додаваат од ЦУК, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација.
Ново на Сител
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
