-->
-->
Без струја денеска делови од Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода
-->

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на информации од „ЕВН Македонија“ АД.
Од осум до 15 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од објектите во околината на куќниот број „65“ на улица „Влае“ во општина Карпош.
Од 8:30 до 14 часот, корисниците на делови од улиците „Виктор Иванович Григоревич“ и „Полог“ во општина Кисела Вода.
Од девет до 12 часот, корисниците на дел од село Кучково, општина Ѓорче Петров.
Корисниците од улиците „1519“ и „Борис Трајковски“ крак – 34 во општина Кисела Вода ќе останат без струја од 12 до 17 часот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
