Македонија
12. July 2025 - 20:45

Без вода дел од стар Аеродром

Поради уличен дефект ф 300 мм на ул.„520“ (кај мостот) во стар Аеродром, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Пензионерскиот Дом (кај Вучко), Кипер Маркетот и неколку дуќани во околината.

ЈП Водовод и канализација - Скопје соопшти дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 20:00 часот до завршување со работните активности.