-->
-->
Без вода делови од Кисела Вода и Карпош
-->

Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од ул. „Христо Татарчев“, односно на потегот од „Народни херои“ до „Франк Харкорд-Манинг“, во Општина Кисела Вода.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување водоводен приклучок ф-100 мм во близина на „Макпетрол“.
Исто така, од 9 часот денеска без вода ќе бидат корисниците од улицата „Варшавска“ и дел од бул.„8 Септември“ во Општина Карпош, поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Варшавска“ бр. 4.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
