-->
-->
Без вода утре остануваат повеќе улици во општините Центар и Аеродром
-->

Поради уличен дефект утре прекинато водоснабдување ќе имаат повеќе улици во општините Центар и Аеродром.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето во општина Центар ќе биде прекинато од 8:30 часот сѐ до завршување со санација на дефектот. Без вода ќе бидат улиците „Питу Гули“, дел од „Загребска“, „Ганчо Хаџипанзов, „Капиштец“, „Димитар Пандилов“, „Караорман“, висока зона „Козле“ и крак еден, три, пет и седум од улицата „Ловќенска“.
Поради уличен дефект на булеварот „Трета македонска бригата“ во општина Аеродром, пак, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:00 часот, сѐ до завршување со санација на дефектот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
-

Се помалку се подготвува зимница
-

Сушата ја пролонгира есенската сеидба
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
