Би-Би-Си: Сателитски снимки покажуваат санација на штетата во иранскиот нуклеарен погон Фордо
На вчерашна снимка се гледаат багер и кран на врвот од новиот пристапен пат во близина на местото погодено од таканаречените бункер бомби.
Исто така, наведува Би-Би-Си, забележани се и булдожер и камион, додека дополнителни машини се распоредени на влезот во комплексот и на објекти погодени од израелските напади еден ден по американските бомбардирања.
Според експертот за нуклеарно оружје Дејвид Олбрајт, снимката укажува на можни работи за санација на кратерите, проценка на инженерските штети и земање примероци за радиолошка анализа.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, по нападот изјави дека „клучните ирански постројки за збогатување ураниум се уништени“.
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, претходно изјави дека Иран би можел да ги продолжи активностите за збогатување ураниум во рок од неколку месеци.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај прилепско Бешиште, локализиран пожарот кај Визбегово - од утре забрана за движење во шуми
-
Се запали глисер кај каналот Студенчишта
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски – Кос, централна тема Планот за раст од реформската агенда
-
Филипче ја повика власта заедно да лобираат за неутрален став за македонскиот јазик и идентитет
-
Данска од утре претседава со ЕУ - што може да очекува Македонија?
-
ДУИ ќе бара кривични за пописот - ВРЕДИ обвинува за предавство
-
Конечно пуштен во употреба експресниот пат Фариш – Дреново во должина 10.2 км, инвестиција од 45 милиони евра