Биланс од трагедијата кај Кадрифаково - Загинаа тројца меѓу кои 15 годишно девојче, петмина тешко повредени
Голема трагедија се случи денеска на пладне на автопатот Штип – Миладиновци. Во тешка сообраќајна несреќа на лице место загина 15 годишно девојче од Скопје и 62 годишна жена од кочанското село с. Уљарци.
- Трета жртва во несреќата е 37 годишна жена од Скопје, која им подлегнала на повредите во штипската Клиничка болница. Уште 4 лица учесници во сообраќајната несреќа се здобиле со тешки телесни повреди и со возила на итната медицинска помош се пренесени во болницата.
Во штипската клиничка болница во моментот се двајца пациенти, на кои им се прават лекарски прегледи. Едно лице со тешки телесни повреди, по извршените компјутерски снимања е пренесено во Клинички центар во Скопје.
- Недалеку од м.в. Криви дол се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу ПМВ „Тојота Ленд крузер“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 29 годишниот кочанчанец Д.С. и ПМВ „Шевролет калос“, со скопски трегистерски ознаки, управувано од 44 годишниот Д.М. од Скопје. Увид на местото на несреќата врши увидна екипа од СВР-Штип. По завршување на увидот, колегите со јавен обвинител би имале повеќе информации и детали за причните за несреќата - изјави Сузана, портпарол на МВР.
Автопатот од Штип до клучката кај Кадрифаково неколку часа е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку стариот пат од Штип кон Велес и Свети Николе.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар