Македонија
15. July 2025 - 16:41

Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон

Семејното насилство повеќе нема да остане зад затворени врати, скриено зад ѕидовите на тишината и стравот. Со најновите предлог измени на Кривичниот законик, Македонија прави чекор напред во заштитата на жртвите, сега насилникот ќе може да се гони по службена должност, дури и без жртвата да поднесе пријава.

Доволно ќе биде сведокот, сосед, роднина, пријател, случаен минувач да пријави семејно насилство, а институциите ќе бидат должни да реагираат.

До сега, често се случуваше жртвата, соочена со трауми, заплашувања или економска зависност, да се повлече од постапката со што насилникот останува неказнет.

Повеќе нема да се бара храброст од жртвата за да поднесе пријава, сега одговорноста е на државата, вели министерот за правда за Сител.

Гонењето по службена должност, без потреба од претходна пријава од жртвата, претставува системска промена која ги ослободува жртвите од дополнителен притисок и страв од одмазда. Истовремено, со редефинирањето на кривичното дело Телесна повреда“ од член 130 и усогласувањето со Истанбулската конвенција, се зајакнува институционалната обврска за заштита на ранливите категории. Очекувам дека оваа реформа ќе придонесе за зголемена отчетност на сторителите и охрабрување на жртвите да побараат помош, што во целина ќе води кон подобрување на состојбата со семејното насилство во државата.

Филков очекува поддшка од сите пратеници во Собранието при гласањето на овие измени.

Од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ова значајно ќе ја зајакне борбата со семејното насилство.

Тоа значи дека, дури и во случај оштетената во било која фаза на постапката да се откаже од кривичното гонење на насилникот, постапката нема да запре, туку ќе продолжи до донесување на пресуда. Ја поздравувам оваа иницијатива на Владата, со која кажуваме дека се грижиме за добробит на семејството, а жената станува центар на македонското општество.

И од СДСМ велат дека треба да го разгледаат предлогот на Филков, но би ги подржале измените ако се во насока на грижа за жртвите.

Во 2017тата ја ратификувавме Истанбулската конвенција, направивме одредени измени и дополнувања на Кривичниот законик, родово базираното насилство е кривично дело и верувам дека доколку измените кои што се предлагаат бидат во насока на вистинска грижа на општеството за семејното насилство, ќе бидат поддржани од пратеничката група на СДСМ.

Невладините организации, ја поздравија одлуката која сметаат дека е задоцнета, но многу потребна, бидејќи сторителите знаат дека жртвата ќе се откаже од прогон и продолжуваат со насилството.

Ние сме организација која нуди бесплатна правна помош и навистина морам да кажам дека многу жртви ни се јауваат, особено во последно време има жртви коишто само се информираат, прашуваат но не се доволно охрабрени да пријават, токму од овие причини. Затоа овие измени се многу значајни, за да им кажеме на сторителите дека не може да им помине тоа што го прават.

Кога измените ќе се најдат пред Влчадата и Собранието се уште не е точно дефинирано нос е очекува да бидат дел од пошироката реформа на Кривичниот закконик.

Според статистиките на МВР, во првите три месеци од оваа година имало 270 пријави за семејно насилство, а како последица на тоа од јануари до март има два смртни случаи. Семејното насилство споредбено од изминативе години бележи тренд на зголемување.