Бислимовски: Сметките од БЕГ за август да се сторнираат - во нив не е вкалкулирана субвенцијата од Владата
Граѓаните да не ги плаќаат августовските сметки за парно. БЕГ мора да ги сторнира, затоа што не ги пресметал субвенциите кои државата ги дава за топлинска енерегија, бара Регулаторната Комисја. По поплаките од граѓаните, чии сметки биле за 40% повисоки во однос на претходниот месец од РКЕ утвриле дека е направена грешка, однсно цената е нереално висока. Оние кои веќе ги платитиле сметките, парите ќе им бидат вратени наредните месеци, без разлика што БЕГ веќе нема да ја врши дејноста.
„Сметките кои ги изготвил и ги испратил БЕГ невообичаено на 30 и 31 август, да бидат сторнирани и да бидат изготвени нови сметки со вкалкулирана субвенција. Пари се обезбедени за оваа намена, така да ќе нема никаков проблем сево ова да се изведе“, вели Марко Бислимоски, престедател на РКЕ.
За поплаките од ѓраѓаните пак на високите сметки за струја, односно поголемиот износ за пренос и дистрибуција отколку за вкупно потрошената електрична енергија, Бислимовски вели – тоа е поради зголемените загуби на енергетските компании. Овде, според Бислимовски, не влегувале кражбите на струја.
Ние им признаваме 12,4% од прикажаните загуби. Тоа е 143 евра за мегават час. Ако ЕВН го пресметуваше преносот и дистрибуцијата, ќе се плаќаше по 500, 600 евра за мегават, додава Бислимовски.
Во пресрет на грејната сезона, Владата денеска и префрли 50 милиони евра на ЕСМ за да го зголеми произвдоството и да набави јаглен и мазут. Ако се задржат високите цени на гасот пак, најверојано за топлинска енергија ќе се врати мазутот во игра. За да нема недостиг на струја, првиот човек на Регулаторна бара ТЕТО да работи цела грејна сезона, а државата да најде начин како да фунционира.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
