Битолчанец нападнат со кујнски нож додека си ја редел тезгата во „Новиот пазар“
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Како што информира ЈО, осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во „Новиот пазар“ во Битола, се обидел да лиши од живот едно лице. Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во грбот и слабината. Двајца сведоци го совладале, па осомничениот се дал во бегство.
Бидејќи постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот, доколку биде оставен на слобода, ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и дека би можел да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.
Ново на Сител
-
Се одложи судењето за „Онкологија“, обвинета имала стомачен вирус
-
Жељазков бара извинување од Мицкоски, заострена реторика на односите Скопје - Софија
-
Висок ризик од пожари
-
Платите на административците во независните институции ќе се изедначат со останатите плати во јавниот сектор
-
Камен-темелник на нова фабрика на „Чагатај Кабло“, ќе се отворат 200 нови работни места
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Преглед на вестите од светот
-
Се одложи стартот за судењето за Онкологија