Бизнисот се сомнева дека повлечениот закон за солидарен данок ќе се врати со европско знаменце
Ќе пропадне ли даночната реформа која Владата ја најавуваше почетокот на годината, или ќе оди во нова брза постапка со европско знаменце. Законот за солидарност, за добивка и ДДВ вчера биле повлечени од Собраниска процедура, откако 8 месеци пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не ги ставаа на комисисика расправа.
Но бизнисот се сомнева дека Владата сака да ги донесе со европско знаменце, по скратена постапка. Бараат да запре процедурата во целост, за да не се донесе решение на штета на бизнисот.
Бизнисот бара предвидливост и даночен календар, каде државата половина година претходно ќе им најави што планира да воведе од јануари следната година. Вака велат дека се оштетени големите компании, кои работат со добивка и инвестираат, меѓу кои и странските – кои котираат на берза.
Со Солидарниот данок државата планираше да собере околу 90 милиони евра од најуспешните компании, кои оствариле приход над 10 милиони евра и профит за 20% поголем од 4 годишниот просек.
Зголемениот ДДВ на луксузни производи беше наменет побогатите да плаќат поголем данок на прехранбените луксузни производои, затоа што имаат подлабок џеб.
Од финансии не добивме одговор дали Владата се откажува од овие даноци или сака да да ги донесе по скратена постапка.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
