Блинкен: Не можеме да дозволиме Путин да помине неказнето
– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика меѓународната заедница да го принуди рускиот претседател Владимир Путин „да ја плати сметката поради инвазијата на Украина“.
„Не можеме да му дозволиме на претседателот Путин да помине неказнето“, рече шефот на американската дипломатија на седницата на Советот за безбедност посветена на Украина.
„Меѓународниот поредок кој нè собра денеска овде и кој се обидуваме да го зачуваме се распаѓа пред наши очи“, предупреди тој во друштво на неговите колеги во Советот, осудувајќи ја неодамнешната ескалација, особено референдумот за спојување територии под руска контрола.
„Тоа што претседателот Путин одлучи дека токму оваа недела, додека повеќето од светските лидери се собраа во ОН, да стави масло на огнот што самиот го запали, го покажува неговиот целосен презир кон Повелбата на Обединетите нации“, рече Блинкен.
Седницата се одржува во присуство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но тој не седна на масата на Советот за време на говорот на министерот, туку беше претставен од неговиот заменик.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
