Македонија
15. December 2025 - 12:16

Бојкот во Управата за матични книги

Околу 350 вработени во Управа за за матични книги за утре најавија бојкот, однсно нема да ги извршуваат работните задачи, иако ќе бидат присутни на работното место.  Ревлотирани се што цела година надлежните не им ги потпишуваат Колективните договори, со кои би добиле зголемување на платите за 20 отсто. Велат дека земаат минималец и ако не им се зголемат, можен е генерален штрајк.