Македонија
9. July 2026 - 14:40

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени

Две лица се повредени, предизивикана е и материјална штета откако од возило во движење била фрлена рачна бомба во тетовско кон ресторан.  

- На 08.07.2026 во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од село Добарце, тетовско пријави дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото, информираа од МВР. 

Од експлозијата е предизвикана материјална штета, а со повреди се здобиле Е.А.(57) од село Чифлик, тетовско и Г.Ф.(60) од село Добарце, кои биле во кругот на ресторанот, додаваат од полицијата. 

Повредените веднаш биле префрлени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово, при што биле пронајдени чаури од пиштол.

За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Тетово. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.