Бизнис
30. јуни 2018 - 16:21

Бостанот останува без пласман, министерството тврди дека ја следи состојбата

Министерството  за земјоделие ја  следи состојбата и секогаш реагира навреме одговори  ресорниот министер  Љупчо Николовски по вчерашната реакција на производителите на бостан кои се пожалија на слабиот откуп и ниските цени.  Николовски информираше  дека екипи од министерството постојано биле на терен и ја следеле состојбата исто како што тоа било случај и во претходните две до три недели кога проблем со пласманот и ниските откупни цени имаа производителите на домати. Тој рече дека министерството како и во останатите случаи им стои на располагање на земјоделците и  врз основа на сите анализи и податоци од теренот ќе се носат соодветни мерки.

,, Екипите постојано се на терен како што беа и претходната недела , претходните две,  три недели кога беше во прашање проблемот со доматите. Владата донесе во вторникот одлука за дополнителна субвенција од седум денари по предаден килограм во преработувачките капацитети, а паралелно разговаравме со преработувачките капацитети за да и тие имаат инетерес за да ги отварат, тоа го договоривме. Оваа неделе еве веќе разговараме и за останатите проблеми со кои ќе се соочат земјоделците во струмичко и како во секој еден случај и како минатата година ние ќе стоиме на располагање.,, рече ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ – МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЛИЕ

Министерот Николовски денска од Струмица заедно со градоначалникот Коста Јаневски ја промовираше програмата за капиатлни субвенции, односно делот кој се однесува на пробивање и реконструкција  на  пристапни патишта до земјоделските површини .  Се работи за  нова мерка која се воведува за прв пат на барање на самите земјоделски производители.За таа намена обезбеден е буџет од 30 милиони денари, а рокот за поднесување на апликации со предлог проектите трае до 15 јули.