Брисел: Украина сама треба да одлучи кога ќе одржи избори, ЕУ е подготвена да помогне

Украина треба сама да одлучи кога ќе одржи избори, во согласност со своите закони, а Европската Унија е подготвена да помогне во организирањето на изборниот процес, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер.
Таа на брифинг во Брисел посочи дека ЕУ е подготвена да му помогне на Киев, особено во обезбедувањето почитување на демократските стандарди и барања.
Хипер нагласи дека ЕУ не прави проценки за условите за одржување избори во одделни земји.
Нејзината изјава следува откако во вторникот поранешниот украински министер за одбрана, Михајло Федоров, повика да се најде законски и безбеден механизам за одржување избори и во услови на војна.
Агенциите наведуваат дека тоа е прв повик од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година од позната украинска политичка фигура за одржување избори во услови на војна.
Украинскиот Устав не дозволува одржување избори додека е во сила воената состојба.
Ново на Сител
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
