Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, нема намера да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Во последните денови се појавија информации дека Португалецот ја разгледува својата иднина во клубот по отпуштањето на главниот тренер Рубен Аморим. Дарен Флечер беше назначен за привремен главен тренер за два натпревари, а Мајкл Карик ја презеде функцијата до крајот на сезоната.
Сепак, и покрај нестабилноста поради менаџерските промени, Фернандеш останува посветен на клубот, според „BBC“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Играчот, како и досега, планира да ја процени ситуацијата во текот на летото, кога му останува уште една година од договорот.
И покрај континуираниот интерес од Саудиска Арабија, 31-годишниот фудбалер би сакал да остане во Европа ако го напушти „Олд Трафорд“.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
-

Мис Стон добива спомен соба во Василево, а патеката по која се движела ќе привлекува туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
