Буџетот оштетен за 4,5 милиони денари - финансиска полиција поднесе кривична за даночно затајување

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Финансиската полиција, првопријавениот Б.З., во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект, не ги признал како приход застарените и ненамирени обврски во вкупен износ од 30.946.170 денари, прикажани во бруто-билансот за 2025 година. Според наводите во пријавата, овие обврски биле застарени согласно Законот за облигационите односи, а за нив не биле поведени судски постапки за наплата.
И покрај законската обврска, пријавениот не ја искажал соодветната даночна обврска во даночниот биланс за 2025 година, поради што не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка во износ од 3.094.617 денари.
Воедно, Финансиската полиција утврдила дека книговодствено евидентираните дадени позајмици кон физички лица во износ од 14.254.665 денари, кои не биле вратени до крајот на годината, не биле евидентирани како непризнаени расходи за даночни цели. За овие средства, според пријавата, не бил пресметан, пријавен и платен данок на добивка во износ од 1.425.467 денари.
- Со наведените дејствија, физичкото и правното лице не ги пресметале, не ги пријавиле и не ги уплатиле законски утврдените даночни обврски, со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 4.520.084 денари - информираат од Управата за финансиска полиција.
Ново на Сител
-

Се помалку се подготвува зимница
-

Сушата ја пролонгира есенската сеидба
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
