Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година. Во јули се очекува европските институции да донесат одлука за воведување на еврото, а од август 2025 година до крајот на 2026 година, цените ќе бидат наведени во левови и евра, се наведува на официјалната Фејсбук страница на бугарската Влада.
Министерскиот совет на Бугарија потсетува дека на фискалните сметки ќе бидат прикажани износи во двете валути. До 30 септември, информациските системи на државата ќе бидат подготвени. Од 1 јануари 2026 година, плаќањата во готово ќе бидат во левови и евра.
Од 1 јануари до 30 јуни 2026 година, банките и поштите во населбите каде нема банкарски филијали ќе менуваат левови за евра бесплатно, посочуваат од Владата. Во Бугарската национална банка, тоа ќе се извршува бесплатно и на неопределено време.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран