Бизнис
24. December 2025 - 16:34

Бугарија понуди помош за снабдување со мазут, Владата ја одби

Бугарија ни понуди мазут за надминување на кризната состојба, македонската Влада одби. За да се обезбеди нормално снабудавање со електричка енергија, премиерот во оставка Желјазков преку бугарскиот министер за надворешни работи, во знак на добрососедство и солидарност му понудиле снабдување со мазут на министерсот Муцунски. Но, од Владата велат - во моментов помош не ни треба. 

- Ве информираме дека државата во моментов не се наоѓа во ситуација во која има потреба од ваков тип на помош. Државата не е во фаза на чекање помош од надвор, туку со сите свои расположливи капацитети е во можност да ја одржува состојбата стабилна на полето на енергетиката, стои во владиното сооопштение. 

За да нема рестрекции на струја, по барање на ЕСМ, Владата вчера прогласи кризна состојба. Во следните 7 дена мазут ќе се користи од државните резерви без надоместок, а ЕСМ има обврска за трошењето на нафтениот дериват да доставува извештај до Владата и Министерството за финансии. 

Во меѓувреме, опозицисиката СДСМ прашува зошто навреме не е обезбеден мазут и кој ќе профитира од тендерите за набавка на овој енергенс. Се сомневаат дека веќе е избрана фирма за снабдување со мазут. Бараат Јавното обвинителство да отвори истрага за загубите во ЕСМ.

СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност. Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра? Кој профитира од увозот на струја. Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, мазут на пример? Кој заработува додека народот плаќа? рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочувајќи дека работењето на ЕСМ резултирало со сериозни финансиски загуби.

Од ВМРО ДПМНЕ возвратија, а дека СДСМ немаат кредибилитет да зборуваат за енерегетскиот сектор, затоа што за поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, веќе има кривична пријава за злоупотреба и истиот е во бегство, додека сегашниот лидер на паријата Венко Филипче се возел во поклонетото ауди од снабдувач со јаглен на ЕСМ.