Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран

Цените на нафтата денеска пораснаа додека се наближува истекувањето на новиот рок од ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп му го постави на Иран, а пазарите се фокусирани на тековните нарушувања на глобалните енергетски резерви, јави ДПА.
Суровата нафта Брент за испорака во јуни утрово се искачи за 1,2 отсто на 111,11 долари за барел во раната трговија, враќајќи се кон врвот во март од нешто над 112 долари. Американската сурова нафта од Западен Тексас (WTI) за истиот месец на испорака забележа слични зголемувања.
Од почетокот на конфликтот во Иран, цените на нафтата Брент се зголемија за повеќе од 50 отсто, што укажува на растечка загриженост за инфлација и економскиот раст.
Договорите за следниот месец покажаа уште поостри зголемувања, при што WTI за испорака во мај се тргуваше за околу 115 долари за барел, приближно 70 отсто повисоко отколку пред почетокот на конфликтот пред повеќе од пет недели.
Со оглед на тоа што Ормуската Теснина е во голема мера непроодна за повеќето бродови, краткорочните договори се тргуваат со значителна премија во однос на подоцнежните, што одразува акутни проблеми со снабдувањето.
Трамп го постави повторното отворање на стратешкиот воден пат како централно барање во конфликтот, поставувајќи му на Техеран рок што истекува вечерва. Нема знаци за пробив во преговорите како што се наближува рокот за договор.
Американскиот претседател предупреди за „целосно уништување“ на иранските електрани и мостови доколку поморскиот премин не биде повторно отворен.
Портпаролот на иранската војска ја отфрли заканата.
Ормуската Теснина е еден од најкритичните светски транспортни правци за нафта и течен природен гас, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
