Бизнис
7. April 2023 - 12:28

Цените замрзнати – пазарите празни

Замрзнувањето на цените на зеленчукот и овошјето ја преполови, а за некои производи ја десеткуваше или воопшто нема понуда на зелените пазари. Трговците велат, дека продаваат залиха останата од минатиот пазарен ден, а нова набавка нема, зашто магацинските цени се во висина на замрзнатите од Владата, па тие наместо со ќар, ќе работат во загуба.

  • Не смееме да товараме (набавуваме) на таа цена, нема да можеме да ја работиме робата и затоа немаме роба, таа роба што ни остана, и со неа тераме. Магацините си ја држат цената, а на нас намелена, не може да се работи. На гравот му бараат 130 денари, а овде е 75 денари и ние не можеме да продаваме и грав ќе нема-изјави трговец на Градски пазар-Штип.

Граѓаните се жалат дека со скромните домашни буџети тешко го препознаваат намалувањето и замрзнувањето на цените, но вината ја префрлаат и кај увозниците и големите земјоделски производители.

  • Ништо не е намелено, се си е исто. Во маркетите не сме биле, ама на пазарите си е исто. Ако не ги намалат цените, треба да ни ги качат пензиите и платите, а тие ги пoкачија на едни по 800 денари, а на други по 6000 денари.

  • Не нема ништо, не е намалено, се си е по старо, само народот го замајуваат.

  • Па, има нешто намалено, ама требаше да се намалат цените и во оранжериите, кај оние што ги продаваат и препродаваат-анкета штипјани.

Она што остана да се продава на тезгите е со послаб квалитет. Производителите и пазарџиите се согласни дека зелените пазари ќе бидат полни со квалитетни производи по пристапни цени, дури во сезоната на берба од македонските бавчи.