Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа традиционалната церемонија на свечено менување на државното знаме, на која присуствуваа повеќе од 170 ученици од скопските основни училишта „Христијан Тодоровски–Карпош“, „Петар Поп Арсов“ и „Гоце Делчев“, придружени од своите наставници.
Според соопштението од Кабинетот на претседателката, по завршувањето на свечениот чин гостите ја разгледале работната околина на претседателката и во непосреден разговор со Сиљановска-Давкова ѝ поставувале прашања со голема заинтересираност и зрелост.
Тие се интересирале за секојдневните предизвици на функцијата, активностите што ѝ недостасуваат поради службените обврски, спомените од детството, образованието, професионалниот развој, како и за уметничките дела поставени во Кабинетот.
Претседателката, како што информираат од нејзиниот кабинет, им порачала на учениците да бидат свои, оригинални и критични, да веруваат во силата на знаењето, да другаруваат со книгите и да си ја сакаат татковината.
-На крајот од посетата, учениците ѝ подарија прекрасни цртежи и ракотворби, изработени со многу креативност и посветеност, а од Кабинетот си заминаа со насмевки и убави впечатоци, како што рекоа, стои во соопштението.
Церемонијата традиционално се изведува секој втор петок во месецот од страна на Баталјонот за почести при Армијата како израз на почит кон државните симболи и државата.
Ново на Сител
-

СДСМ: Mицкоски ги лаже граѓаните
-

Депонијата Буково го вклучи алармот
-

150 македонски државјани се вратија од Дубаи
-

Тема на денот со Назим Рашиди, новинар
-

„Нема да не снема“: Осмомартовски марш против насилството врз жените
-

Над 270 инспекции на бензинските пумпи – Привремен недостиг на гориво на дваесетина станици
-

150 македонски државјани се враќаат вечерва од Дубаи
-

Во Техеран заврна токсичен дожд кој предизвикува изгореници откако беа бомбардирани нафтени постројки
