-->
-->
Челси по пресврт до титулата во Лигата на Конференциите
-->

Фудбалерите на Челси ја освоија Конференциската лига на УЕФА откако убедливо го победија Бетис во финалето по пресвртот.
Финалето во полскиот град Вроцлав на „Тарчински Арена“ заврши со резултат 4:1 за лондонските „сини“.
Тимот предводен од Енцо Мареска губеше со 0:1 на полувреме, но постигна четири гола во вториот дел и не остави никаква сомнеж за својата супериорност.
Езалзули отвори во деветтата минута за Бетис, а Фернандез во 65-та, Џексон во 70-та, Санчо во 83-та и Каиседо во 91 минута ги реализираа погодоците за лондонскиот тим.
Екипата постигна успех за историјата станувајќи првиот тим во светот што ги освои сите трофеи на европските клупски турнири - Лигата на шампионите, Лигата на Европа, КНК и Суперкупот на УЕФА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
