Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во објава на Фејсбук сподели дека претседателот на САД Доналд Трамп и упатил честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија - 8 Септември. Сиљановска Давкова изразува благодарност за честитките за кои што оценува дека не се само потврда на цврстото американско-македонско пријателство и стратешко партнерство, туку и причина за нивно унапредување.
- Искрена благодарност до претседателот на САД и американскиот народ за честитките по повод 34 годишнината од 8 Септември, се наведива во објавата.
-Пораките на признание, разбирање и поддршка, содржани во честиткатата, којашто ми ја предаде амбасадорката Анџела Агелер, за нас се не само потврда на цврстото американско-македонското пријателство и стратешко партнерство, толку потребни во време на обиди за ставање крај на воените конфликти, справување со меѓународниот криминал и гарантирање траен мир и безбедност, туку и причина за нивно унапредување!, се посочува во објавата на Давкова.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава