Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро

Пејачот Здравко Чолиќ денеска изјави дека сите членови на неговото семејство се добро и се чека полициски извештај. Во изјава за телевизијата „Уна“ тој нагласи дека во моментот е надвор од Србија.
„Јас сум во Загреб, каде што ги завршувам последните песни за новиот албум. Сè е во ред во Белград, фала му на бога што сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во текстовите на медиумите беа протолкувани на начин што не одговара на вистинската состојба на работите. Мислам дека е важно информациите да се дистрибуираат одговорно и врз основа на проверени факти. Истрагата е во тек и го чекаме полицискиот извештај“, изјави Чолиќ за телевизијата „Уна“.
Експлозивна направа беше фрлена рано утрово врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во Белград. Се претпоставува дека станува збор за бомба „кашикара“, што била фрлена во дворот на семејната куќа на Чолиќ на Дедиње.
Мотивот за нападот, во кој е предизвикана материјална штета, засега е непознат
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ со закон ќе бара 600 евра минимална плата
-

За 72 часа стартува „Safe City“ – МВР апелира граѓаните да ги ажурираат податоците
-

Пратенички прашања во Парламентот – најмногу одговараше Мицкоски
-

Нацрт верзијата за укинување на техничката влада е доставена до пратениците, СДСМ се противи
-

Сиљановска ги потпиша измените на Кривичниот законик
-

Ќе се градат гробишта за домашни миленици во општините
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Поднесено обвинение за поранешната директорка на прилепската болница и тројца вработени
