Македонија
24. November 2023 - 16:55

„Црн петок“: Граѓаните навалија во трговските центри, се бараат производи на акција

Иако во Македонија „црниот петок“ пристигна уште во понеделник, граѓаните од утринава навалија во трговските центри. Најмногу се влегува за облека и обувки, но и новогодишни украси.

На излозите од повеќето продавници стојат налепници за попусти од 20 до 50%. Во некои, пак, акцијата важи само за одредени производи.

Дел од трговците го продолжија „црниот петок“ за утре и задутре кога очекуваат уште поголеми гужви бидејќи е викенд.

Купувачите со поделено мислење. Според помладите, попустот е реален и треба да се искористи. Повозрасните се сомневаат во цените и сметаат дека се вештачки.

Од Организацијата за заштита на потрошувачи препорачуваат внимателност при купувањето.

„Блек фрајдеј би требало да биде само еден ден ако гледаме од западните земји. Кај нас, тоа пак можеме да го поведеме како акциска продажба бидејќи најчесто блек фрајдеј попустите траат цел месец, недела дена, 15 дена итн. Овој период малку се користи од трговците да се продаде она што можеби не се продавало или е со помал квалитет“ – Татјана Тасевска, ОПМ

Дали трговците направиле прекршоци ќе проверуваат пазарните инспектори. По правило, на производите треба да биде означена старата цена, а до неа новата која е на попуст. Праксата кај дел трговицте е врз старата цена да биде залепена нова, па често се случува цената да е иста, а само да се дава лажен впечаток дека производот е на попуст. Казните за лажно рекламирање се движат и до 5 илајди евра.

„Традиционално, секој последен петок во ноември е резервиран за црн петок или блек фрајдеј. Со ова практично се означува стартот на новогодишниот и божиќниот шопинг и се смета за најпрометниот ден во малопродажбата“