ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
Активни се осум пожари на отворен простор заклучно со 18:30 часот, од вкупно 25 во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се 15, а под контрола се пет пожари на отворено.
ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Василево кај с. Нивичино каде гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод кај с. Грешница каде се зафатени мешана шума и ниска вегетација, во Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани исто така мешана шума и ниска вегетација. Во Прилеп/Кавадарци кај с. Никодин, с. Ракле, с. Фариш гори ниска вегетација и ретка шума, во Липково кај с. Виштица ниска вегетација и стрниште, во Битола кај населба Довлеџик е реактивиран пожарот со зафатена ниска вегетација, во Росоман кај с. Трстеник горат напуштени ниви и во Илинден кај Индустриска зона Илинден каде горат ниска вегетација, слама и објект.
Од Министерството за внатрешни работи попладнево соопштија дека полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствувал на пожарот во општина Василево, с. Нивичино, струмичко, при што во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гаснење.
Под котрола се ставени пожарите во Велес – кај с. Џидимирци, с. Крушје и с. Иванковци каде горела мешана шума, во Дојран – с. Николич, нискостеблеста шума, во Демир Хисар на градската депонија, во Македонски Брод кај с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа, дабова шума и ниска вегетација и во Делчево кај с. Стар Истевник, каде горела борова шума.
Изгаснати се пожарите во Ранковце на местата викани Иваница, Десетак и Коп, во Куманово со селата Четирце и Пчиња, во Јагуновце – с. Јагуновце, во Свети Николе – местото викано Кантонче, во Битола – населба Довлеџик, во Карбинци – с. Долни Балван, во Штип гореше градска депонија, во Аеродром на ул. „Гаврил Константиновиќ“ и во Гази Баба кај стрелиште Камник.
МИА
Ново на Сител
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение
-
Анкета: Третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Тошковски изрази сомнеж дека инцидентот со Арсовска е добро смислено сценарио
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово