ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
На територијата на државата денеска до 18:30 часот се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и два пожари во ниска вегетација во село Романце, во Општина Куманово и село Таринци, во Општина Карбинци.
Изгаснати, како што информира ЦУК, се вкупно 17 пожари - во село Врањовци во општина Врапчиште, каде што е опожарена ниска вегетација и ѓубриште, во село Лојане, општина Липково, каде била зафатена ниска вегетација и стрниште, површина посеана со жито и ниска вегетација во село Радање во општина Карбинци и изгаснат пожар во село Орланци во општина Арачиново каде е опожарена ниска вегетација и отпаден материјал. Ниска вегетација изгасната е во месноста викана „Сливница“ во Општина Берово, во кочанското село Прибачево, во Општина Пробиштип, во ресенско с. Грнчари, велешко с. Ново Село, како и во населба Волково, во Општина Ѓорче Петров и село Мојане, во Општина Арачиново. Ѓубриште (депонија) изгаснати се во прилерпско с. Канатларци, две во село Визбегово, во Општина Шуто Оризари, во населба Стопански Двор, во Општина Ѓорче Петров и во село Јурумлери, во Општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија