ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот
Во државава активни се шест пожари на отворео, денеска заклучно со 18 часот се регистрирани 17, покажува информацијата од веб страницата на Центарот за управување со кризи за состојбата со пожарите. Еден пожар е локализиран, а десет се изгаснати.
Активни се пожарите во Општина Чучер Сандево, помеѓу село Блаце и село Чучер, каде гори ниска вегетација и мешана шума, а поради непристапност на теренот се интервенира со воздушна поддршка, во село Инџиково во општина Гази Баба (ниска вегетација и стрниште), во проилепското село Бешиште (приземен во квалитетна мешана шума), во село Црешнево во Македонски Брод (деградирана дабова шума и грмушки), во Општина Чашка: под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (шумски пожар, без активен пламен, само чад – карпест терен), како и во валандовското село Грчиште (ниска вегетација и нискостеблеста шума).
Локализиран е пожар на градската депонија Делчево, а изгаснати се пожари во општините Карбинци: помеѓу с. Таринци и с. Радање (ниска вегетација и стрниште), Пробиштип: с. Долни Стубол (ниска вегетација), Гостивар: културен дом Гостивар (ниска вегетација), Тетово: с. Мала Речица (ниска вегетација), Прилеп: новите гробишта Прилеп (ниска вегетација), Велес: с. Оризари (ниска вегетација, стрниште и дабова шума), Куманово 1: ул. „Никола Тесла“ (ниска вегетација), Куманово 2: место викано Ново Куманово (ниска вегетација), Шуто Оризари: нас. Визбегово (депонија) и Кисела Вода: ул. „Христо Татарчев“ (ниска вегетација).
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар
-
Неправилности во здравството можат да се пријават на веб страницата на министерството
-
АХВ го демантира градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов