Д-р Мицевска: На Детската клиника има 20-ина деца со грип, сите се во добра општа состојба

На Универзитетската клиника за детски болести хоспитализирани се 20-ина деца со симптоми на акутни вирусни инфекции од типот на грип и болести слични на грип, од кои кај најголем број е изолирана инфлуенца А. Има неколку случаи на возраст до 23 месеци кај кои е изолиран респираторен синцицијален вирус и еден помал број заболени со докажан ентеровирус риновирус, изјави за МИА педијатар пулмолог Весна Мицевска од Клиниката.
Заболените, посочи докторката, се на возраст до 14 години, од кои најголем број се на возраст до пет години.
- Тие се во добра општа состојба. Некои од нив имаат компликации од типот долнореспираторни инфекции, бронхит, бронхопневмонија или бронхиолит. Нема потешки случаи и во моментот нема пациенти на кислородна поддршка. Од хоспитализираните, најчесто едно-две деца се со хронични заболувања - рече доктор Мицевска.
Таа истакна дека ако се појават симптоми на акутна инфекција, како што е зголемена температура, доколку состојбата на детето е добра, во првите 24-48 часа родителите треба да се обидат во домашни услови да ја намалуваат темепературата, да му даваат течност и да ја следат состојбата.
- Подоцна, ако има некакво влошување на состојбата и ако не се намалат или не се повлечат симптомите, родителите треба да го однесат детето на матичен лекар или во дежурна служба. Превенција против овие инфекции е да се избегнува да се носат децата на места на кои има многу луѓе, а децата што имаат симптоми на акутни вирусни инфекции треба да се изолираат дома и да не се пуштаат во училите и во градинка - додаде д-р Мицевска од Детската клиника во изјавата за МИА.
МИА
Ново на Сител
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
-

По Венецуела, Трамп со отворена закана и за уште пет држави
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани денеска го слават Бадник, ден пред Христовото раѓање
-

Со македонската коледарска песна „Коледица Варварица“ коледарчиња утрово затропаа на вратите
-

Божиќно послание на г.г. Стефан: Се што доаѓа од Бога носи спасение и вечност
-

Преглед на вестите од светот
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
