-->
-->
Дала 2.700 евра а барала да се вратат 15 илјади евра, уапсена 53 годишна лихварка во Струмица
-->
На 26.02.2026 во Струмица, полициски службеници ја лишија од слобода Ј.Т.(53) од Струмица, поради сомнение за лихварство. Таа во јуни 2025 година на жител од струмичко село му дала 2.700 евра, а сега барала да ѝ врати несразмерен износ од 15.000 евра.
Ј.Т. била фатена при прием на 100 евра – месечна камата – при што биле пронајдени обележаната банкнота, тетратки и листови со евиденција за дадени пари и камати. Претресот во нејзиниот дом потврди дека во повеќе наврати давала пари за кои барала несразмерни камати.
Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица, а јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица ќе поднесе кривична пријава за лихварство по член 260 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
