Бизнис
12. October 2022 - 16:37

Дали економските мерки се маркетиншки трик или добро таргетирана стратегија за помош?

Пакетот антикризни мерки се обичен маркетиншки трик, кој не нуди решение за клучните проблеми, ниту излез од енергетската криза, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. Во пакетот нема решенија за инфлацијата, нити помош за фирмите, а сумата која им се нуди на ранливите граѓани е незначителна, само  20,2 милиони евра. За вистински да им се помогне и на граѓаните и на компаниите ги повторија новните 5 предлози, меѓу кои викенд без ДДВ за основни прехранбени производи, вишокот струја од ЕСМ да им се даде на фирмите по производна цена, субвенции за фирмите кои струја купуваат на слободниот пазар.

- Секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на струјата на регулираниот пазар на електрична енергија, односно која ќе плати над 200 евра за еден MWh електрична енергија, половина да го плати државата. Ова ќе им овозможи на фирмите намалување на трошокот за електрична енергија, со што, како и претходната мерка ќе се намали притисокот врз финалните цени односно на овој начин ќе се спречи понатамошно подгревање на инфлацијата.

Бизнисот пак бара пролонгирање на даночната реформа, која треба да стартува почетокот на следната година, како и продолжуваање на мерката - субвенционирање на придонесите на вработените. Во време на криза сметаат дека не е време за нови даноци, туку за вистинска помош од државата.

На социо-економскиот совет, кој се одржа во Министерстваото за труд, од Синдикатот ќе побараат зголемување на платите согласно растот на инфлацијата, воведување платежна картичка за купување основни производи и бесплатен јавен превоз за работниците.

Откако минатата недела Владата донесе пакет мерки за помош на ранливите граќани, за денеска им беше ветена помош и за стопанството. Но вчера премиерот Ковачевски изјави дека конкретни мерки за компаниите ќе има до крајот на месецов.