Данците во проблеми пред финалето, се повреди најдобриот светски ракометар

Најдобриот светски ракометар, репрезентативецот на Данска и водечки стрелец на Светското првенство, Матијас Гидсел се повреди во полуфиналето против Португалија.
Гидсел имаше брилијантен настап со девет гола против Португалија, но тоа не е ништо ново, бидејќи целиот турнир беше одличен и тој беше меѓу најдобрите стрелци на тимот. Често најдобриот.
Сепак, одличниот ракометар малку ги загрижи сите во данската репрезентација и навивачите, бидејќи кон крајот на првото полувреме незгодно падна и го повреди коленото.
Остатокот од натпреварот го мина на клупата за резерви, каде му помагаа лекари и физиотерапевти.
Данецот подоцна се врати на теренот, но видно куцаше, што ги загрижи сите во таборот на светскиот шампион.
На прашањето дали ќе биде подготвен за финалето, Гидсел одговори: „Ќе го играм финалето во недела дури и без нозе или без глава ако е потребно. Се радувам на можноста да го донесам златото дома во Данска“ј.
Финалниот натпревар меѓу Данска и Хрватска е закажан за утре од 18 часот. Доколку Данците ја одбранат титулата светски првак, ќе ја освојат четвртата последователна титула, нешто што ниту една екипа досега не го постигнала во историјата.
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
